ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ КРИТИКИ ЗА КАЗНИТЕ: „Како бре ќе казнуваш пешак со мобилен на пешачки?“

Професорката Мирјана Најчевска реагира на новите законски измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој, ќе се казнуваат пешаци, возачи на тротинети...

„Не сте нормални најсериозно.

Возењето со мобилен треба да се казнува најмалку 1.000 евра, а најдобро е да се казнува процентуално согласно на примањата на прекршителот.

Автомобилот е убиствено орадие, а не пешакот.

Како бре ќе казнуваш пешак со мобилен на пешачки премин. На пешачки премин треба да сум заштитена а не да се пазам од секоја будала која ја штити естаблишментот.

И што правиме со тие кои се со оштетен слух?

А со старите кои не се концентриранеи? Да не ги пуштаме на улица?

А децата кои не се концентрирани и нив да не ги пуштаме на улица?

А тие со попреченост и нив да не ги пуштаме на улица?, прашува таа.