„Прочитај повеќе“ – нова кампања на „Арс Ламина“ со попусти до 60 отсто
Под слоганот „Прочитај повеќе“, со попусти до 60% на над сто наслови, издавачката куќа „Арс Ламина“, од 8 до 30 јуни, ја организира новата продажна кампања во рамките на целата држава. Во акцијата e вклучен голем избор на книги од белетристиката за возрасни и литературата за деца, како и интерактивни изданија за најмладите. Во оваа кампања ќе бидат опфатени сите поголеми книжарници.
Со оваа кампања, преку прифатливи акциски цени, „Арс Ламина“ ја продолжува својата мисија да ги направи книгите полесно достапни до сите читатели и да ги поттикне читачките навики кај сите генерации.
Во акцијата е вклучен серијалот со 12 детективско-криминалистички романи од славната авторка Агата Кристи, кои се на 20 отсто попуст. Станува збор за книгите: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“, „Зло под сонцето“, „По погребот“, „Завеса: последниот случај на Поаро“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, „И не остана ниту еден“ и „Златната топка и други раскази“.
Меѓу насловите на 60 отсто попуст се: романот „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ од Јонас Јонасон, книгите од серијалот „Мачки детективи“ од Алесандро Гати, како и сликовниците „Риба за Луна“ од Лиса Аисато, „Чао!“ на Едвард ван де Вендел, „Мама“ од Елен Делфорж и други.
Со 50 отсто попуст се бестселерите: „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон, „Солунска 28“ (втор дел) од д-р Неле Карајлиќ, „Сјаење“ од Стивен Кинг, „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен, како и книгите од Кери Лонсдејл: „Сè што даваме“, „Сè што чуваме“ и „Сè што оставаме“.
На 40 отсто попуст се: „ТИТО, мојот претпоследен херој“ на Зоран Спасов-Sоф, „Дигитално злато“ од Натаниел Попер, „Наследство на шпионите“ од Џон Ле Каре и „Младиот Кастро“ на авторот Џонатан М. Хансен, како и серијалот за деца „Академија за еднорози“ од авторката Џули Сајкс.
Современите класици „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“, од познатиот турски писател Орхан Памук, се со 30% попуст. Во акцијата се вклучени и делата од еден од најважните современи светски автори Милан Кундера.
Од белетристиката на 30% попуст се: „Тошо Малерот: монологија“ од Васко Тодоров, „Исповеди“ и „Безнадежно“ од Колин Хувер, „Е, баш ме заболе“ и „Сè е заебано“ од Марк Менсон, „Минхен“ од Роберт Херис, „Биди со мене“ од Џенифер Л. Арментраут, „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг, „Подарокот“ на Луиз Џенсен, „Солунска 28“ (прв дел) од д-р Неле Карајлиќ, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, „Заеднички стан“ од Бет О’Лири, „Список за душа“ од Кејси Вест и „Јас сум Миа“ од Јана Мишо.
На 30% попуст се и популарните сликовници од илустраторот и автор на книги за деца Ване Костуранов: „Sвездено дете“, „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“. Книгите од серијалот за уникатната самовила-вампир Исидора Мун, од Хариет Мункастер, исто така се на намалување од 30 отсто. Станува збор за книгите: „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на екскурзија“ и „Исидора Мун прави зимска магија“. Исто така, и книгите од едицијата „Басни од Македонија“ („Кучето и зајакот“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“) и „Бајки од Македонија“ („Девојчето и дванаесетте месеци“, „Двата цара“, „Вејко Северко“ и „Момчето што се скри во златното јаболко“) можат да се набават во сите поголеми книжарници вклучени во акцијата со 30% попуст. На попуст се и боенките со лепени за најмладите, кои се по 50 денари.
Со попуст од 20 отсто се книгите: „Градината на олеандрите“ од Роза Вентрела, „Париската библиотека“ Џенет Скеслин Чарлс, минатогодишниот хит-роман „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти.
Во продолжение проследете го каталогот со книгите на попуст вклучени во оваа кампања: https://bit.ly/3tq90Dd
ПР објава