Проф. д-р Методиј Чепреганов за постот и религијата: Се крстам пред да јадам, за Бог да ја благослови трпезата, а кога ќе завршам му се заблагодарувам што ме нахранил
Постот, како интитуција на религиозна норма и канон, во семејството на проф.д-р Методиј Чепреганов(86) невропсихијатар-епилептолог, постои како традиција. Откако знае за себе ги издржува целосно Петровите, Богородичните, Божи11кните и Велинденските пости. Тоа го правеле и неговите родители и предци.
- Во прашање е канон, длабоко инкорпориран во фамилијарната хармонија и опстојување. Постам и во поедини денови во годината кои се строго одредени, како и среда и петок. Морам да признам дека во овие денови може да има и отстапувања. Постев и кога бев во Франција. Дури имаше колеги кои ме следеа во постењето. Ритуалот да се пости е норма која треба да ја всадите од рана возраст, како и секоја молитва, макар и само со крст, кога почнувате да се храните, Бог да ви ја благослови трпезата, и кога завршувате со ручекот да му се заблагодарите што Ве нахранил. Ако овие канони не ви се всадени во Вашата личност, би требало и подоцна да ги усвоите –вели тој и дополнува дека пости од две причини - религиозна и медицинска.
Целиот текст можете да го прочитате на Женски магазин