Прогнозите за коронавирусот на најпознатиот астролог и секој хороскопски знак поединечно
Секој што внимателно ги следи годишните и месечните хороскопи, го знае името на Бернард Фикалтер. Предвидувањата на влијателениот британски астролог ги чекаат дури и оние кои биле крајно скептични во хороскопите во текот на целиот живот. Тој навистина „знае сè“.
Ние му даваме збор на професионалец.
Зошто се случи глобалната криза?
Сето тоа има врска со циклусот Сатурн-Плутон: тоа беше 1914 година, 1947 година, 1882 година и повторно пристигна во 2020 година. Интересно е што по 1914 година се појави епидемија на „шпански грип; па 1947 година на многу места на Земјата се случи епидемија на сипаници; Во 1982 година, најпрво се соочивме со ХИВ / СИДА, а сега го имаме и коронавирусот.
Кога ќе заврши пандемијата на коронарниот вирус?
„Можеби во текот на идното лето. Планетите засега немаат никакво навестување за крајот, но Сатурн- Јупитер имаар „ас“. Веројатно станува збор за вакцината.
На крајот на годината, ќе се вратиме на оригиналната локација Јупитер - Сатурн-Плутон, но овој пат планетите нема да бидат толку блиски и ние ќе бидеме подготвени за нешто разороно. Мислам дека до почетокот на 2021 година ќе бидеме во нормала, ќе можеме повторно да започнеме со градење на нашите животи. Годината 2021 година ќе биде тешка и стресна - светот ќе биде обновен! Годината 2022 година ќе биде позабавна, полесна и подобра за живот на глобално ниво. Да се надеваме дека ќе биде така! “
А, како коронавирусот ќе влијае на секој хороскопски знак периодов?
Овните веќе не можат да издржат. Нивната тврдоглавост може да ги доведе до несакани реакции од коронавирусот. Биковите имаат силен имунитет, но не се свесни дека треба постојано да се пазат и внимаваат. Близнаците не знаат што да прават со себе, преплашени се и не знаат добро да се штитат. Раковите и нивната „напред- назад“ ситуација ги тера на непромислени чекори, па скони се кон ризик. Лавовите се уште психолошки се држат, ама немаат трпение повеќе. Не можат да замислат да се затворени и често излегуваат од дома. Тоа за нив е крајно ризично. Девиците имаат добра дисциплина и претежно се придржуваат до мерките, но нивната немирна страна може да им создаде проблеми. Вагите се во состојба да еруптираат од нрвоза секој момент бидејќи со трпението се при крај, а ако не почитуваат мерки и прописи, лесно дека ќе паднат во канџите на коронавирусот. Шкорпиите се крајно немирни, не се трпелливи и не сакаат правила. Но тоа може да ги чини многу. Стрелците добро се држат и се крајно свесни за ситуацијата, но психолошки не можат да го поднесат товарот, па не е исклучено да имаат последици. Јарците се цврсти и почитуваат мерки, стабилни се во донесувањето одлуки, но колку што мерките траат, толку тие се наоѓаат во еден магичен круг од кој психолошки можат да попуштат. Водолиите се исплашени, но мислат дека нив не може ништо лошо да им се случи. Ако продолжат со оваа мисла, можни се последици. Рибите се единствените од зодијакот кои „лесно“ можат да изблегаат од коронавирусот. Итри се и стабилни, но нека не се залажуваат дека се семоќни!