Промотивни цени на девет пакети испитувања: Грижата за здравјето треба да биде постојана

Промотивни цени на девет пакети испитувања нуди Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Како еден од стожерите на здравствениот систем во земјата и во регионот, болницата одлучи да ги намали цените на овие пакети за да можат и пациентите, но и здравите луѓе да направат преглед на своето општо здравје. Затоа со попуст се нудат три интернистички пакети, два тироидни пакети и еден гинеколошки пакет. Промотивна цена има и пакетот за контрола на хемостаза, пакетот за полицистични овариуми и пакетот за развојно следење на дете.

Нашите индивидуални здравствени ризици зависат од повеќе специфични фактори меѓу кои, секако: возраста, полот, околината, генетските фактори, но и животниот стил. Затоа преку компонентите вклучени во овие пакети секоја индивидуа може да направи детална анализа преку која ќе го одржи сопственото здравје.

Овие испитувања се тестови преку крв, а по добиените резултати се добива слика на вашето општо здравје и соодветни препораки.

На секој возрасен му се препорачува лекарски преглед и лабораториски анализи еднаш годишно, дури и без никакви симптоми.

Цената на интернистичките пакети со попуст изнесуваат 3.600 денари, 5.300 и 6.200 денари, во зависност од параметрите што се испитуваат во секој од нив.

Едниот тироиден пакет чини 2.300 денари, а другиот 5.000 денари, додека гинеколошкиот пакет и тиреостимулирачки хормон, чини 4.800 денари.

Контролата на хемостаза е 2.300 денари, а пакетот за полицистични овариуми 7.300 денари. Пакетот за развојно следење на дете е 6.200 денари.

Пакетите се креирани со цел да дадат целосен преглед на состојбата на пациентот, а преку нив може да се утврди дали има потреба од понатамошни прегледи.

Сите промотивни пакети може да ги симнете тука.

ПР објава