Пророкот на пропаста: Едно застрашувачко предвидување на Ностродамус за 2024 веќе се оствари, еве што уште предвиде за оваа година
И со
почетокот на 2024 година, многу експерти тврдат дека се оствари уште едно
предвидување на Нострадамус. Тие веруваат дека тој претходно го предвидел
земјотресот во Јапонија со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала што
го потресе островот на Нова година, како и цунамито што ќе следи.
Пророк на пропаст. Така бил наречен Нострадамус, откако во својата книга „Les Propheties“ тој наводно предвидел некои клучни моменти во историјата на човештвото како што се 11 септември, подемот на Адолф Хитлер, големиот пожар во Лондон и други катастрофи.
А со почетокот на 2024 година, многу експерти тврдат дека уште едно негово предвидување се остварило. Тие веруваат дека тој претходно го предвидел земјотресот во Јапонија со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала што го потресе островот на Нова година, како и цунамито што ќе следи.
- Сувото ќе биде соголено, а со тоа подоцна ќе има и големи поплави - ова се зборовите на францускиот лекар.
Предвидувањето на земјотресот на Нострадамус не беше единствениот предвесник на тој немил настан. Минатото лето нуркачите пронајдоа повредена риба со појас во близина на Тајван, која на површина излегува само пред големи потреси, а се верува дека најавила и земјотрес.
Што друго предвиде Нострадамус за 2024 година?
Минатата година британскиот „Дејли стар“ објави листа на неговите наводни пророштва посветена на 2024 година.
– Опасниот бран носи голема глад – напишал Французинот.
Некои го толкуваат ова пророштво како доаѓање на некоја болест која ќе ги уништи посевите, други веруваат дека опасниот бран е цунами.
Доаѓа нов папа
Зборуваше за „црвениот ривал“, а во тоа најмногу ја препознава Кина, додека „големиот океан“ е токму Индискиот Океан. Според ова пророштво, дел од неговите приврзаници веруваат дека е пред нас нова и голема војна.
- Кралот ќе биде протеран од островот со сила. Него ќе го замени некој кој нема ознака на крал - предвиде Нострадамус за 2024 година.
Многумина го поврзуваат ова пророштво со кралот Чарлс.
– Кралот навистина би можел да се повлече поради нападот врз него и неговата сопруга Камила – изјави за „Дејли стар“ авторот на книгата „Пророштва на Нострадамус“ Марио Ридинг.
Нострадамус за оваа година предвиде доаѓање на нов папа, како и бројни други природни катастрофи.
Извор: Alo.rs