Прв Европски Кампус на Британскиот Универзитет Јорк во регионот: СИТИ Колеџ во Солун

Еден од водечките универзитети во Велика Британија и светот, Универзитетот Јорк и СИТИ Колеџ, заедно формираа Европски Кампус на Универзитетот во Солун.

Во време на Брегзит, им се овозможува на студентите во регионот да имаат директен пристап до врвно британско образование. Ова партнерство се базира на стратешкиот одговор на Универзитетот Јорк на претстојното повлекување на Велика Британија од ЕУ притоа акцентирајќи ја амбицијата да продолжи да гради иновативни партнерства со европските институции.

Европскиот Кампус ќе ги донесе сите придобивки на врвното британско универзитетско образование и истражување во регионот. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Расел група, со признание TEF Gold за извонредна настава и признаен низ целиот свет по истражувачката работа што ја врши.

Кампусот ќе отвори бројни можности за студентите од регионот; да бидат дел од студентското искуство на Универзитетот Јорк, да студираат за врвна британска диплома во близина на својот дом, да го доживеат комплетното студентско искуство со студентска мобилност и програми за интернационализација, да се стекнат со знаење и вештини што ќе ги отворат нивните хоризонти и ќе имаат влијание што ќе ја промени нивната иднина.

Европскиот Кампус овозможува физичко присуство на Универзитетот Јорк во Европа и претставува интегрирана единка на самиот универзитет. Кампусот ќе има придружни активности во 8 земји нудејќи  додипломски, постдипломски, МБА и докторски програми за англиски студии, психологија, бизнис администрација и економија и компјутерски науки.

„Со воодушевување ја започнуваме новата ера за СИТИ Колеџ со создавањето Европски Кампус на Универзитетот Јорк. СИТИ Колеџ има големо наследство во работата со водечки универзитети од Велика Британија, Универзитетот Шефилд, за подоцна да стане и негов Меѓународен факултет. По 30 години успешно изведување на високо образовни програми од универзитет од Велика Британија, имаме можност уште еднаш да го поврземе нашиот регион со еден од најдобрите светски универзитети и да ја поддржиме нашата заедничка амбиција за зголемување на капацитетите со цел придонесување за развој на нашите општества“, изјави Јанис Верверидис, Претседател на СИТИ Колеџ.

“Врз основа на нашите заеднички вредности, врската во својата основа го има јавното добро - придонесување за развој на луѓето, општествата и економиите, проширувајќи ги можностите и пристапот за сите. Европскиот Кампус СИТИ Колеџ ќе овозможи физичко присуство на Универзитетот Јорк во Европа и ќе биде центар на целиот Универзитет за поврзување со академските, владините и корпоративните мрежи низ Југоисточна Европа и соседните региони”, изјави професор Чарли Џефри, канцелар на Универзитетот Јорк.

Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ ќе започне со запишување на студентите за додипломски и постдипломски програми од јануари 2021 година,  а новиот концепт ќе започне да функционира од октомври 2021 година.


ПР објава