Први прогласија крај на пандемијата, сега со над 1000 новоинфицирани од коронавирус на ден: Во Словенија врие

Црн рекорд во Словенија, утрово регистринаи 1.323 нови случаи, инфицирани со коронавирус.

Вчера, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, на Твитер објави дека Словенија веќе има над 1.100 новоинфицирани лица во последните 24 часа и ги повика луѓето сериозно да ја сфатат ситуацијата.

А, вечера и за првпат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полициски час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро. 

Сето ова резултираше со протести и негододување на чителите во цела Словенија.

Во Марибор ситуацијата била поинаква, околу сто демонстранти се собрале на Главниот плоштад. Меѓу другото, тие извикувале дека полицискиот час не е уставен, а за вечерва е закажан нов протест.