Првиот електричен суперавтомобил кој никогаш не треба да се полни
Со исклучителна аеродинамика, овој двосед на три тркала има коефициент на отпор на воздухот од само 0,13 и претставува вистинска револуција во областа на електричните возила. За споредба, моделот 3 на Тесла има коефициент од 0,23, а електричниот СУВ на Фолксваген ID 4 има коефициент од 0,28 .
Инаку, компанијата „Аптера“ го претстави ова електрично возило кое може да помине над 1.600 километри со полна батерија.
Како што е наведено, клиентите ќе можат да изберат помеѓу четири конфигурации на погонски батерии, од кои најголемата, од 100 kWh, овозможува автономија при возење од над 1.600 км.
Покрај тоа, со помош на соларен панел на покривот, кога е сончев ден автомобилот може да помине дополнителни 64 км. Основната верзија на Aptera 3 е опремена со батерија од 25 kWh и има радиус на возење од 402 км.
Производителот наведува и дека моделот со капацитет на батерија од 40 kWh може да помине до 644 километри со едно полнење, а оној со батерија од 60 kWh има автономија од 966 км.
Нарачки за моделите на Аптера се можни и сега, со депозит од само 100 долари кој се враќа. Цената ќе се движи од 25.900 до 46.000 американски долари или повеќе во зависност од опременоста, а компанијата очекува да ги испорача првите примероци во 2021 година.