Првиот што изодел пешки од Долно Лисиче до Крушево со коњаницата: Кога трчаа и јас трчав, кога одеа и јас одев
Момчето Томе Саздов на својот профил на Фејсбук објавува фотографии и видеа од неговиот поход. Имено тој е првиот што во 42 години традиција изоди пешки од Долно Лисиче(Скопје) до Крушево, за големиот празник Илинден.
„Долно Лисиче - Крушево, непланирано пешки. Било моја среќа, кобилата, да ми се повреди, уште - во Скопје. Не можеше да го издржи, ниту дефилето.
Па, од Долно Лисиче, денес, пристигнав пешки во Ропотово. Изминав, околу 160км досега, заедно со коњаницата, од село Горно Лисиче.
Во 42 години традиција, јас сум првиот, што изодел олкав пат - пешки, со коњаницата. Кога трчаа и јас трчав, кога одеа и јас одев - од љубов за РМ.
НЕ сакав да се откажам од маршот.
Трасата, досега, изгледаше вака: Долно Лисиче - Петровец - Катланово - Велес - Долно Оризари - Чашка - Теово - Богомила - Ропотово. Утре, е нашиот последен ден, до Крушево.
Да живее Република Македонија!„
Браво момче!