ПРВИОТ ТУРСКИ АВТОМОБИЛ- интелектуална и индустриска сопственост е 100 проценти турска
Концептот на првиот автохтон турски автомобил Togg беше лансиран за да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 проценти турска.
Првиот турски автомобил Togg беше изложен на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника CES 2022 во Лас Вегас во Соединетите држави.
Извршниот директор на турскиот производител Гурџан Каракас во таа прилика изјави дека тие не се класична автомобилска компанија.
"Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на CES, место за состаноци за иновации и технолошки пионери. Ние сме технолошка компанија која работи на полето на мобилноста, основана во географска област каде што се среќаваат Истокот и Западот, разумот и емоции. Во новиот свет, каде што автомобилската индустрија брзо се трансформира во екосистем за мобилност, ние создаваме решенија за мобилност, ставајќи ги корисниците и податоците во срцето на нашиот бизнис“, рече Каракас.
Foto: TOGG promo