Првите дами заедно на модна ревија во Белград: Тамара Вучиќ ја угости Емина Ердоган во фустан со етно мотив
Првата дама на Турција Емина Ердоган и првата дама на Србија Тамара Вучиќ присуствуваа на 8. Меѓународен фестивал за етнологија во Белград, каде Турција беше избрана за „Земја во фокус“. По тој повод во Етнографскиот музеј во Белград беше организирана ревија во духот на османлиската култура.
Тамара Вучиќ и Емина Ердоган се сретнаа во Белград, во Етнографскиот музеј, каде заедно присуствуваа на специјален настан на кој се слават културните врски меѓу Србија и Турција. Првите дами беа многу елегантни, оставајќи силен стилски впечаток.
Тамара Вучиќ избра црн фустан со интересен етнo детаљ во пределот на половината, кој дискретно ги истакна традиционалните мотиви, додека модерниот крој ја истакна суптилната елеганција. Посебен детал беа салонките со леопард принт, но и префинетата пунџа.
Од друга страна, Емина Ердоган се појави во сива комбинација со широки елегантни панталони и хиџаб во иста боја, додека црниот капут го комплетираше со ефективен брош, додавајќи софистициран детаљ на својот изглед.
Нивната средба во Етнографскиот музеј не беше само симбол на пријателството меѓу двете земји, туку и пример за префинет спој на традицијата и модерноста, како преку модата, така и преку културната размена.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs