Првото контрацептивно средство за мажи доби зелено светло
Научниците кои се обидуваа да создадат контрацептивни таблети за машката популација- конечно успеаја...
Во новото прелиминарно истражување, тимот за развој тврди дека развил нехормонална форма на машка контрацепција, која ги направила лабораториските глувци стерилни шест недели без никакви несакани ефекти. Раните испитувања на луѓе ќе започнат до крајот на оваа година, додека истражувачите од Универзитетот во Минесота тврдат дека новиот лек функционира така што ја насочува интеракцијата на нашите тела со витаминот А, познат како суштински за плодноста кај цицачите. Покрај тоа, диетите со недостаток на витамин А се поврзани со стерилитет.
По долго и исцрпно истражување, научниците успеаја да пронајдат експериментално соединение кое го блокира протеинот (ретиноична киселина) одговорен за врзување и формирање на витамин А во нашите клетки, попознат како алфа рецептор на ретиноична киселина. Ова е еден од трите протеини со слични функции, а лекарите се надеваат дека неговото селективно блокирање ќе биде доволно за да предизвика долготрајна, но не и трајна стерилност, додека на други места надвор од неговата цел, ќе предизвика минимални или никакви ефекти.
„Бидејќи мажите не мора да страдаат од последиците од бременоста, шансите за несакани ефекти од конзумирање на контрацептивен лек се многу мали“, вели водечкиот истражувач Абдула Ал Номан. „Затоа се обидуваме да развиеме нехормонални апчиња за контрола и да ги избегнеме хормоналните ефекти што тие ги оставаат врз жените.
Соединението е наречено GPHR-529 и работи како што е предвидено. Во новите податоци презентирани минатата недела на состанокот на Американското хемиско здружение, тимот изјави дека машките глувци дозирани со овој препарат имале забележителен пад на бројот на сперматозоиди четири последователни недели и станале стерилни.
„Сето ова засега изгледа многу ветувачко, но клиничките испитувања и дефинитивните безбедносни тестови мора да се вршат исто како и секој друг лек“, заклучил Номан.