Спорт // Спорт
ПСЖ му даде отказ на Почетино, и веднаш го назначи новиот тренер
Шампионот на Франција, Пари Сен Жермен ја заврши соработката со Маурисио Почетино и на негово место го донесе Кристоф Галтие, тој со „светците“ потпиша двегодишен договор.
Галтие доаѓа од Ница, и ќе има задача да го нападне трофејот во Лигата на шампионите, покрај обврската во Лига 1 да ја одбрани титулата.
„Среќен сум, да се биде тренер на Пари Сен Жермен е важна и голема работа, но и обврска, благодарност до претседателот Насер Ал-Хелаифи, Луис Кампос и клубот за довербата која имаат во мене. Целосно сум свесен за одговорностите кои ги носи оваа позиција, обврските и очекувањата на навивачите, мојот фокус ќе биде насочен кон напорната работа и максимално искористување на потенцијалот на тимот“, изјави Кристоф Галтие.