ПСЖ пред разделба со Нејмар, Бразилецот оди во гигант од Италија

Газдата на ПСЖ, Насер ал Келаифи, најави дека клубот е подготвен за продажба на Нејмар.

ПСЖ го направи Нејмар најскапиот фудбалската историјата со трансферот тежок 222 милиони евра кога пристигна од Барселона.

Според прикажаното досега, Нејмар не ги оправда вложените средства, е оценката на раководството на клубот, кое сега е подготвен да се раздели со Бразилецот.

„Нема да говорам за вакви сензитивни прашања преку медиумите, тоа е политика на клубот, но, некои играчи доаѓаат, а некои ќе мора да си заминат, тоа е процес, тоа е фудбалот. За оние за кои не веруваме дека секогаш даваат 100% од себе за клубот, ќе си заминат, тоа важи за сите“, изјави Ал Келаифи.

Интересно е дека Нејмар се поврзува со Јувентус во сензационален трансфер ова лето.