Пушите цигари и јадете јајца, сеедно- холестеролот се зголемува
Канадски научници дошле до заклучок дека холестеролот во жолчката на јајцето има речиси исто негативно влијание за крвните садови, како и чадот од циграите.
Канадската студија за влијанието на јајцата и цигарите врз холестеролот е објавена во „Atherosclerosis“.
Научниците ги измериле наталожените маснотии врз 1 231 канадски пациенти на возраст до 61 година. Тие откриле дека создавањето на овие акумулации особено се забрзува по 40 тата година кај лицата кои редовно консумираат јајца. Резултатите се речиси идентични кај пушачите.
Во оваа група имало неколку групи на пациенти - пушачи, непушачи, лица кои никогаш не консумирале јајца, лица кои најмалку 3 пати неделно консумираат јајца (меѓу нив пушачи и непушачи).
Според д-р Дејвид Спенс, истражувањето покажало наслаги во артериите кои се најзначајни и алармантни кај пушачите, кои повеќе од 10 години пушат по кутија цигари на ден.
Идентични резултати имале и оние кои консумираат јајца најмалку 3 пати неделно во тек на 10 години.
Со најлоши резултати за здравјето, односно во речиси прединфарктна состојба се пациентите кои пушат и редовно јадат јајца.
Научниците одамна предупредуваат да се има ограничување при јадењето јајца. Земањето на холестеролот од жолчки на јајцата создава повеќе проблеми отколку придобивки ако не се ограничи потрошувачката.
Сепак, она што е интересно да се напомене е дека научниците откриле акумулација на масти и кај пациенти кои ниту пушат, ниту премногу консумираат јајца. Заклучокот е дека се склони кон таложење на маснотиите како последица на генетска предиспозиција на организмот кон оваа болест.