Спорт // Спорт
Ракометарките поразени од Турција
Сениорската женска селекција на Македонија минимално (25:24) загуби од селекцијата на Турција во пријателски натпревар одигран во Анкара.
Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе оддиграат уште еден натпревар против Турција во сабота.
Овие дуели против Турција ќе бидат искористени за подготовка на екипата пред бараж дуелот против Украина за пласман на Светското првенство 2023.
Двомечот со Украина ќе се игра во Скопје на 8 април од 19:00 часот и во унгарскиот град Кишварда на 11 април од 17:00 часот.