Ранетата наставничка од Рибникар, првпат по масакрот во прегратка на учениците: Во солзи дојде да го поддржи семејството на убиената Ангелина
На синоќешниот настан во Сава Центар, покрај семејствата на загинатите во минатогодишното злосторство, присуствуваше и наставничката по историја, Татјана Стевановиќ, која ја држеше час на тој кобен 3 мај кога момчето убиец влезе во училницата вооружен.
Од присутните на настанот наречен „Сеќавање на Ангелина“ никој не остана имун на потресните говори на семејството Аќимовиќ, а наставничката по историја со спуштена главата се трудела да остане силна, како таа така и сите што се сретнаа вчеравечер во Сава Центар, не успеаа.
Имено, наставничката Татјана синоќа после долго време се појави во јавноста, и цело време опкружена со децата ги гушкала додека емоциите ги совладувал секој нејзин ученик од осмо одделение.
Да потсетиме, Татјана Стевановиќ беше првата на удар кога момчето влета во училницата, а од 57 куршуми таа беше погодена од три истрели.
Инаку, на настанот беа претставени 19 креации на Ангелина Аќимовиќ, која ги воодушеви сите со својата ведрина и талент, кои нејзиното семејство вчеравечер со заедничка помош успеа да ги покаже во Сава центарот. Ангелина покажала голем талент за креирање фустани додека посетувала модно училиште, а нејзиното семејство решило да ја оживее нејзината работа во спомен на трагично починатата девојка, како и да ја продолжи својата мисија на овој начин.
Извор: Kurir.rs