Расправија тешка 5.000 фунти: Се заканил дека ќе го убие пријателот поради кладба
Кога некој ви се заканува дека ќе ве застрела и убие, додека се уште ви се претставува како ваш пријател, тоа треба да биде доста алармантно.
Кладбата на двајца
пријатели, кои се обложиле на тоа дали Земјата е тркалезна или рамна,за малку
не завршила трагично. Имено едниот на другиот му се заканил дека ќе го убие, па
и затоа завршиле на суд.
Луи Франк и Џејми Метју Сатерленд додека вечерале во еден град во Нов Зеланд започнале расправија за тоа каков е „вистинскиот облик на земјата“, па се обложиле на 5000 фунти кои треба да ги добие оној кој е во право.
Џејми, кој верува во науката, мислел дека дал доволно добри аргументи и докази дека Земјата е заоблена, па затоа и ја очекувал својата исплата. Меѓутоа, кога неговиот пријател, поборник на бројни теории на заговор, вклучувајќи го и фактот дека Земјата е рамна чинија, рекол дека сè уште не е убеден за да му плати пари за кладбата, па Џејми се налутил.
„Ако не сакаш да ми платиш, ќе те застрелам тебе и ќе пукам во татко ти (кој вечерал со нив), ќе ве сместам во багажникот и никој никогаш нема да ве види повторно“, изјавил Франц пред судот.
Франк, кој бил иницијатор на кладбата, пред судот изјавил дека сето ова го направил од шега, пренесува „Independent“.
Судијата одлучи да ги отфрли сите обвиненија, тврдејќи дека нема доволно докази за да се продолжи судењето.
Џејми му се извинил на својот пријател и ветил дека ќе престане да бара Франц да му ја исплати кладбата.