Разлики не постојат само кај луѓето: Женките живеат подолго од мажјаците
Научниците откриваат дека и другите жени од цицачите, исто така, имаат подолг животен век од машките, и дека ова е тренд кој не е единствен само за човечката популација.
Истражувачите од лабораторијата за биометрија и еволутивна биологија потврдуваат дека кај сите човечки популации просечниот животен век кај жените е подолг отколку кај мажите, но откриле и дека тоа е случај со други цицачи.
Тие дошле до овој заклучок откако испитале 101 различен вид цицачи, почнувајќи од лилјаци до лавови. Откриле дека женките кај цицачи живеат 18,6 проценти подолго од нивните машки колеги - подолго од јазот од 7,8 проценти помеѓу жените и мажите.
Тие, исто така, ја проучувале популацијата на орки и горили, како дел од студијата, а кај 60 проценти од женките од цицачи живеат подолго од машките, открил тим истражувачи.
Во човечките заедници, жените живеат во просек 7,8 проценти подолго од мажите, иако тоа варира од земја до земја.
„Додека социјалните фактори го зголемуваат родовиот јаз во долговечноста, жените веројатно ќе преживеат отколку мажите дури и кога двата пола имаат исти социјални навики“, истражувачкиот тим го цитираше „Дејли Меил“.
Претходните студии за животниот век на машките и женските цицачи се вршени врз човечко население или на животни во заробеништво. Оваа нова сеопфатна студија вклучува преглед на сите демографски податоци собрани од други истражувачи кои ја испитувале популацијата на цицачи. Тие веруваат дека дел од разликата во долговечноста доаѓа од локалните услови за живеење и достапноста на ресурсите.