Реформи во судството на хартија, ама и во генот на граѓаните: Дали личиме на ЕУ?
Довербата е убедливо најважната валута во еден правен систем. Не може да постојат ниту владеењето на правото, ниту правната држава, ако граѓаните не се убедени дека нивните правосудни органи работат стручно, професионално и пред се чесно. Како се почитува правната држава овде во Македонија а како е во ЕУ? Осмата епизода од серијалот филмови на Балкон3 „Дали личиме на ЕУ“ ја анализира токму оваа тема.
Лејла Тутиќ, проектен координатор во Коалиција Ситеза правично судење вели дека анкетата што ја спровеле во 2018 година покажала дека неверојатни 93 отсто од граѓаните немаат доверба во судството. Дури 80 отсто од граѓаните сметат дека постапикте кај нас траат предолго.
Пред три децении, естонската и македонската држава имаа слична позиција. Како постсоцијалистички држави го почнуваа демократскиот и правниот развој. Денес Естонија го има десеттиот најдобар правен систем во светот. За 50 места е понапред од нашата земја.
„Напредокот беше тежок, судовите требаше многу да се унапредат, а адвокатите да научат нови вештини, но денес мислам дека луѓето можат да се чувствуваат безбедни. Политичката интервенција во судството е невообичаена, вели Кари Гинтер, професор по Европско право на Универзитетот Тарту во Естонија.
Јанус Техвер, претседател на Естонската адвокатска асоцијација вели дека во принцип, правниот систем таму работи како што треба, и во најголемиот број ситуации секој може да се потпре на него за заштита на своите основни права.
„Тешко е дури да се замисли да се слушнат вакви зборови за македонскиот правосуден систем. Освен можеби кога некој си го истерувал својот интерес преку судовите, па ја фали нивната професионалност. Тие се среќните два проценти што на анкетите одговараат дека имаат целосна доверба во судството, вели Техвер.
Адвокатот од Македонија Мирослав Вујиќ смета дека во Македонија конечно треба да се направат вистински реформи
„Реформи во правосудството не се прават само на хартија. Тука ви е потребно реформи во менталитетот, во генот на одреден народ, вели Вујиќ.
Од Министерството за правда велат дека интенција е да се врати правдата во земјата и дека на тоа се работи интензивно.
Целата епизода гледајте овде