„РЕГРЕСИЈА, СТРЕС И ОДБРАНБЕН МЕХАНИЗАМ“: Кинезите прават цуцли за возрасни, месечно се продаваат до 2.000 дудички

Животот во Кина за многумина е тежок – толку тежок што некои возрасни прибегнуваат кон однесување од раното детство.
Сè поголем број Кинези трошат и до 70 долари на цуцли за возрасни, кои имаат поголеми сисалки и штитници приспособени за возрасни лица.
Некои продавачи тврдат дека продаваат и по 2.000 парчиња месечно. Корисниците велат дека цуцлите им помагаат да го намалат стресот и вознемиреноста, слично како кај бебињата, а некои ги користат и за да се откажат од пушење.
Еден продавач дури тврди дека можат да помогнат и кај апнеја при спиење.
Феноменот има и психолошко објаснување – се работи за регресија, одбранбен механизам при кој возрасната личност во емоционално тешки ситуации прибегнува кон однесувања од пораните фази на животот, кога се чувствувала побезбедно.
На социјалните мрежи, особено на ТикТок, трендот се шири и надвор од Кина.
Американски корисници објавуваат видеа во кои користат цуцли додека работат, патуваат низ градски гужви или извршуваат стресни секојдневни задачи.
Сепак, стоматолозите и психолозите предупредуваат дека трендот не е без ризик. Танг Каомин, стоматолог од кинеската провинција Сечуан, предупредува дека долготрајната употреба (повеќе од три часа дневно) може да ја промени положбата на забите, да го ограничи отворањето на устата и да предизвика болка при џвакање.
Извор: Еспресо