Рехидратација при дијареа и повраќање
Во текот на целата година присуството на ентероколити и ротавирусот е една од причините за дијареа и повраќање, а посебно кај децата и пациентите со послаб имунитет. Патот на оваа инфекција е фекално орален, односно доаѓа преку загадена храна и вода, како и валкани раце.
Често пати кај децата инфекцијата со овој ентероколит или ротавирус настанува и како резултат на недоволно излечено дете кое посетува градинка или школо и поради честиот контакт помеѓу децата доаѓа до пренос на причинителот.
Симптомите се јавуваат обично од 12 - 72 часа по добивањето на инфективниот агенс. Доколку причинителот е вирусен агенс, состојбата ќе се разреши за една недела, а некои од вирусните причинители можат да се манифестираат и со висока температура, замор, главоболка, имускулна болка. Доколку столицата е крвава, најверојатно не се работи за вирусна, туку за бактериска инфекција. Некои бактериски инфекции се манифестираат со силни стомачни болки и може да траат и до неколку недели.
Децата инфицирани со ротавирусот обично се опоравуваат за три до осум дена, но во сиромашните земји, лекувањето на тешки инфекции често е недостижно и упорната дијареа е вообичаена појава. Дијареата често може да доведе до дехидратација, а дете со висок степен на дехидратација може да има одложено капиларно полнење, намалентургор на кожата и абдоминално дишење. Типично е повторни инфекции да се јават во области со лоша санитација инеухранетост, што може да доведе до застој во растот и долготраен застој во когнитивниот развој.
Дијареата, повраќањето, па и покачувањето на температурата секогаш е проследена со губење на течности, електролити кои доведуваат до дехитратација.
Дехидратацијата по дефиниција означува зголемен губиток на телесни течности кои предизвикуваат пореметување на метаболните процеси. Постојат три типа на дехидратација:
·Изотонична (подеднаков губиток на вода и електролити)
·Хипертонична (губиток на вода и мал губиток на електролити)
·Хипотонична (губиток на електролити и мал губиток на вода)
Рехидратацијата во вакви случаеви е многу битна работа, која што треба да се сфати сериозно.
Со орална рехидрација треба да се започне што побрзо - OРС треба да се даде веднаш штом започнат симптоми на акутна дијареа со цел да се спречат компликациите.
Предност се дава на хипотоничните OРС, со концентрација на натриум 60 mmol/L, и глукоза 74-111 mmol/L.
Треба да се спроведе брза перорална рехидрација во период од 3 - 4 часа, и што побрзо да се воспостави нормална исхрана
Кај нас на пазарот постои и комбинација на ОРС со пробиотик кој што покрај рехидратацијата, придонесува за побрзо нормализирање на цревната флора, а делува и на причинителот кој предизвикува дијареа и дехидратација со што се овозможува брзо враќање на пациентот во нормална состојба.
Др.спец.педијатар Валентина Нејашмиќ Ристовска
ПР објава