Нема фудбал, нема
забава. Коронавирусот допре насекаде, мерките се строги низ целиот свет и сите
се во изолација. Така и фудбалерите. А, токму тие важат за спортисти со скоро
секогаш стилизирана фризура. Да не го спомнуваме Дејвид Бекам кој направи
своевидна револуција во поглед на косата и стиловите. И Роналдо знае да
изненади исто како и Меси. Па, по секое нивно појавување со нова фризура,
таквата форма станува планетарен хит.
Нашите фудбалски репрезентативци исто така посветуваат големо внимание на фризурата. Кога се на терен како штотуку да излегле од фризерски салон. Сепак, си имаат и смешни моменти кога фризурата не била „мирна“ или се појавиле со сосема природен изглед на косата. Се разбира, не сите, некои бидејќи имаат кратки фризури немаат можност многу да еспериментираат.
Еве дел од нашите фудбалери со „бесни“ и фризури кои се „пери носи“
Елиф Елмаз
Најплатениот македонски фудбалер е вистински хит со неговите фризури. Кај него најмногу се гледа трансформацијата на косата.
Горан Пандев
Има интересна фризура и ретко ја менува. На терен скоро и да не му стрчи ниту едно влакно, но во релаксирани изданија знае да ја одмори косата.
Езџан Алијоски
Токму тој е предвоник на најмодерни фризури. Сепак, си има моменти кога косата му е „немирна“.
Давид Бабунски
Тој ја носеше косата на најразлични начини. Најчесто преферира кратка должина на косата, но го имаме видено и со фризура каде има коса која на терен е или замазнета или малку бушава.
Илија Несторовски
Е тој има стандард фризура. Ретко ја менува. Ни на терен не дозволува да му мрдне некое влакно на страна.
Н.Т.