РФМ: Жалиме што не ја израдувавме Фалангата, одиме на победа против Аргентина
Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство, дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата, објави РФМ на својот Фејсбук профил.
РФМ потенцира дека на клучниот натпревар противАргентина нашиот тим ќе направи се да ја израдува Фалангата.
Во продолжение останатиот дел од објавата на РФМ:
ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!
Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.
Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.
Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!