Спорт // Спорт
РФМ донесе промени во системот на натпреварите, Суперлигите се зголемуваат
Во Скопје се одржа редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија,делегатите донесоа измени во системот на натпреварување, во елитното, во машка и женска конкуренција од следната сезона ќе настапуваат по 16 клуба кои ќе бидат поделени во две групи по осум.
Четирите најдобри по оваа фаза од натпреварите ќе се пласираат во разигрувањето за шампионската титула каде ќе одиграат вкупно осум натпревари бидејќи ќе се сретнат само со противниците од другата група.
Во плеј-офот односно плеј-аутот ќе бидат префрлени поени од регуларниот дел од сезоната, па повторно ќе се продолжи со еднокружен систем на игра.