Родено со едно око- и тоа на чело: Малиот киклоп

Новороденче кученце наликува на киклоп поради невообичаена мутација.

Имено, симпатичното кутре, родено неодамна во тајландскиот град Чачоенџау, дојде во светот со само едно око среде челото.

Неговите сопственици Сомјај Фуманман и неговата сопруга Амфан го нарекоа Кевин.

„Сакаме кутрето да преживее без оглед на деформитетот. Сакаме да го задржиме како домашно милениче. Сите се воодушевени од него и велат дека тоа е среќен знак“, рече Сомјаи.

Во моментов не е познато дали ќе му се развие видот целосно поради неговиот деформитет, бидејќи кучешкото гледање се развива целосно само два месеци по раѓањето.


Особено воодушевена од нејзиното ново милениче е ќерката на Сомаја, Парн.

„Ние досега се грижевме многу за него. Тој не може да цица, затоа мора да го храниме од шишето“, рече девојчето.