Романија е фаворит, Македонија има свои сметки на дуелот од Европската сребрена лига
Македонската одбојкарска репрезентација денес се среќава со Романија, главниот фаворит за првото место во групата „А“ од Европската сребрена лига.
Македонија со 3-0 лесно се справи со БиХ во Скопје, сега сака изненадување против Романија во Галаци, дуелот се игра од 13 часот.
„Ме радува тоа што ја издржавме годинашната премиера иако знаевме дека се е во наши раце и дека двајца стандардни играчи со идентични работни обврски на теренот воопшто не се во составот и не можат да ни помогнат доколку има потреба за тоа. Можеби имаше мала нервоза, но тоа е во дозволени рамки, така што сега мислам дека ќе ни биде полесно од психолошки аспект без разлика што противникот е поквалитетен и игра на домашен терен“,вели примачот на македонската репрезентација Стојан Илиев.
За силата на Романците нема никаква дилема. Нее претерано ако се заклучи дека тие се главни фаворити во групата, особено штово првото коло ја совладаа Албанија во Тирана, имаа повеќе време за подготовказа пресметката со нас, им скратија еден тренинг на македонските одбојкари соодлуката да го презакажат дуелот три часа порано од првичниот термин, а може дасе пофалат и со биланс 3-1 во досегашните соочувања со Македонија..
„Добро ги познавам сите романскирепрезентативци. Треба да го запреме коректорот Матеј, како и офанзивниотпримач Ачобаницеи. Да го одржиме нашиот прием стабилен и мислам дека ќе можемеда играме рамноправно со нив“, изјави Филип Деспотовски, кој во роамското првенство минаосум сезони, од коишто три во Галаци каде што беше капитен на екипата.
Против Романија на чијашто почва досега не се радувавме во две гостувања. „Трета среќа“ е стара фраза, но понекогаш станува реалност.