Романскиот неврохирург тврди: Само вака можете правилно да го одморите мозокот
Иако нашиот мозок никогаш не спие, одморот му е неопходен!
Романскиот неврохирург Влад Циуреа советува како да го стимулирате и опуштите мозокот:
„Како неврохирург често можам да го прочитам лицата на моите пациенти дека страдаат. И тоа е нормално. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самиот проблем кој го имат. Мозокот не е орган кој можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот исто така му се потребни одмор и внимание“ – тврди тој.
За време на одмор или празник, во искушение сме да си дозволиме себе си повеќе работи: јадеме повеќе, пиеме повеќе, седиме пред компјутер до доцна во ноќта, пушиме премногу, ја злоупотребуваме конзумацијата на кафе..
„Мозокот никогаш не спие, но постои начин за да го одморите и стимулирате. И да, на мозокот му се потребни позитивни третмани“ – објаснува неврохиргот.
Влад препорачува во ниту еден случај да не спиеме со мобилниот телефон во близина. Секое утро најпрво треба да погледнете во небото или едноставно да уживате во погледот низ прозорецот за да ги стимулирате вашите визуелни центри. Негова препорака е и да слушате музика која ви го подобрува расположението и да испиете чаша вода веднаш штом се разбудите.
Јадете умерено, бидејќи желудникот најмногу го преоптеретува мозокот. Препорачливо е и конзумирање на црно вино, бидејќи помага при чистењето на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерувате, бидејќи алкохолот ги напаѓа нервните ќелии.
Намалете го и временскиот период кој го поминувате пред телевизор.
„Ако сте пушач, тогаш еднаш неделно организирајте си празнење на мозокот. Купете си една квалитетна и добра цигара. Испушете ја цигарата, место цела купија“ – советува докторот.
Златното правило за да си го одморите мозокот е ТИШИНАТА! Влад советува дека мора секојдневно да си посветите време и да уживате во тишината, за да ги средите своите мисли.
Секој ден дозволете си да се радувате на малите работи, бидејќи радоста е вистинската храна за мозокот!