Романтичарот краде воздишки на Кнез Михајлова: Џан Јаман во посета на Србија
Турскиот актер Џан Јаман кој својата популарност ја доби во серијата „Романтичарот“, веќе некое време ги воодушевува сите со својот изглед и заводнички стан, па така многумина често наведуваат дека со неговата убавина успеа да го засени и познатиот Бали Бег.
Токму овој актер е во посета на Србија, а таа информација ја сподели и тој на својот Инстаграм профил со видео и фотографија од најпозната улица „Кнез Михајлова“. Нема сомнеж дека тој е во Белград, зошто дури и во описот под видеото ја поздрави Србија.
Џан, исто така сподели и фотографија на која ужива во кафеана, каде мизичарите му свират на увце.
Атрактивниот актер е роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, а интересно е дека има потекло од Косово и Метохија. Имено, неговите родители се родени во Турција, но и двајцата се деца на имигранти.