Роналдо го отвора еден од најлуксузните хотели: Погледнете на што потроши Кристијано 13 милиони евра
Хотелот има 10 ката и 168 соби.
Тој можеби ги заврши своите спортски обврски до почетокот на подготовките за Европското првенство, но напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо не мирува кога се во прашање деловните обврски.
Имено, Португалецот се подготвува за 7 јуни и отворање на еден од најлуксузните хотели во Мадрид - Пестана CR7 Гран Виа, откри на социјалните мрежи.
- Конечно одбројуваме до нашето отворање. Забавен начин за уживање во погледот во Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте сега и бидете меѓу првите што го доживеале ова искуство - се пофали Роналдо.
Инаку, медиумите потенцираат дека Кристијано вложил дури 13 милиони евра во хотелот што ќе биде трет во негова сопственост. Да потсетиме, претходните два ги има во татковината.
Новиот хотел ќе има 168 луксузни соби и ќе биде на десет ката. Деветтиот ќе биде резервиран за „обичните граѓани“, односно за оние кои не се гости во хотелот. Тука ќе се наоѓа спортскиот бар.
Погледнете ги фотографиите од луксузниот хотел на Роналдо подолу:
Говорејќи за хотелот и Роналдо, вреди да се спомене дека Португалецот знае како да ја однесе својата девојка Џорџина во хотел во кој еден апартман чини 25.000 евра на ден.
Станува збор за луксузен хотел во Дубаи, а со оглед на тоа што Џорџина изгледа како „милион долари“, несомнено е дека Роналдо не жали ниту цент:
извор:telegraf.rs