Ручек полн протеини кој ќе ви ја одбележи неделата

Состојки:

- 2 парчиња говедско месо

- магдонос

- оригано

- мелен пипер

- 5 чешниња од лук

- 1 лимон

- малку маслиново масло

- 6 излупени домати

-  рукола

- пармезан

Подготовка:

Пред се`, направете маринада и помешајте ги следните состојки: билките, пиперката, пола од исечканиот лук и сок од лимон, како и маслиновото масло. Оставете го место да отстои цела ноќ.

За да ги подготвите излупените домати, прво исечете ги на половина и измешајте ги во сад со сол, бибер, масло и со остатокот од исечканиот лук, а потоа додадете ги во тава со маринираното месо.

Сега е време да го приготвите месото во рерна на висока топлина, додека не стане црвено. Откако ќе се испече убаво, исечете го месото на стекови, а потоа сервирајте со домати, рукола, пармезан.

Нутритивна вредност

- Калории 456 (по порција)

- Протеини 52 гр

- Јаглехидрати 4 гр

- Масти 25 гр