Автомобили // Автомобили
Русите направија најдобар камион на светот: За него нема препреки
Можете да одите каде било со овој руски камион, едноставно нема никакви пречки за тоа. Возилото „Шерпа“, создадено од Алексеј Гарагашијан, може да се користи практично на кој било терен. Камионот чини околу 50.000 долари.
Го придвижува дизел мотор од Kubota V1505 и покрај тоа што возилото има само 44,3 „коњи“, за него нема непремостливи пречки. Неговата максимална брзина на суво е околу 45 километри на час, додека во вода најбрзо вози со брзина од околу 6 километри на час.
Неговите огромни гуми му овозможуваат да се движи по непристапен терен, а како тоа изгледа во пракса можете да видите на видеото.