Русите тврдат дека нивната втора вакцина е поефикасна дури и од „Спутник V“

Станува збор за вакцина изработена од Институтот „Вектор“

Рускиот сектор за заштита на пациентите, Роспотребнадзор, денес објави дека, врз основа на клинички тестови, утврдено е дека втората руска вакцина против вирусот коvid-19 е 100 % ефективна.

Русија започна масовно тестирање со вакцината „ЕпиВакКорона“, што ја разви Сибирскиот институт „Вектор“ во ноември, објави Ројтерс, пишувајќи од агенцијата ТАС С.

Претходно Русите ја одобрија вакцината „Спутник V“, која се покажа како ефикасна за 92 проценти.