Руски е: До 100-ка за 2,2 секунди

Автомобилот наречен „Aviar R67“ нѝ доаѓа од Русија. Како што најави руската компанија „Aviar Motors“ уште во 2018 година, пристигнува електричен автомобил кој ќе биде електрифицирана верзија на „Ford Mustang Setback“.

Може да се забележи и според фотографиите дека изгледот е некако во ретро фазон, но со модерен електричен погон. Тој ќе ја користи истата платформа како „Tesla Model S“, како и батериите на „Tesla“ од 100 kWh и два електромотори со 840 коњски сили и 965 Nm.

Од 0 до 100 км/ч. пристигнува за 2,2 секунди, додека најголемата брзина која може да ја развие е 250 км/ч., а со едно полнење на батеријата може да помине 507 километри.

Автомобилот ќе има каросерија од лесни композитни материјали, елементи од карбонски влакна, како и модерен ентериер со дигитални инструменти, волан со три краци и голем централно поставен екран на допир.

Во последните вести нема информации за цената, но претходно се споменуваше сума од 440.000 евра.