Сѐ според список: Еве ги строгите правила на грчките цариници, кои можат скапо да ве чинат!
Во Грција е забранет увозот на месо, млеко и млечни производи. Тоа значи дека во Грција не можете да однесете на море виршли, шницли, шунка, сирење, млеко, јогурт, павлака... Исто така, не е дозволено да се земаат варени и пржени јадења и расиплива храна.
Граничниот службеник има право да ви ја конфискува и фрли оваа храна.
Може да земете до 5 килограми свежо овошје и зеленчук, освен компири, до 2 кг бебешко млеко во прав или храна за бебиња или храна за посебни потреби и до 2 кг храна за домашни миленици.
Исто така, никој нема да ви замери ако носите ориз, кечап, готови оброци, макарони, бисквити, чоколадо, вода, сокови, се додека вредноста на овие намирници не надминува 300 евра по патник (150 евра за помлади од 15 години).
Правилата читајте ги на ФАКТОР.МК