САД, Бразил и Индија со најголем број на заразени лица во светот: Бројот на заразени со ковид-19 надмина 26 милиони

Од почетокот на пандемијата до денес ширум светот, повеќе од 26 милиони луѓе, поточно 26.093.812, биле заразени со вирусот ковид-19, покажуваат податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Според веб-страницата, како последица на коронавирус на светско ниво досега починала над 860 илјади лица, односно 864.565 лица, а се излечени 18.340.671 лица. Во моментов има 6.888.576 активни случаи, од кои 60.670 се во критична состојба.

Ситуацијата е најтешка во Соединетите американски држави, каде повеќе од 6,2 милиони луѓе се заразени со коронавирус, а починаа 189.651 лице.

На второ место е Бразил со над 3,9 милиони заразени и 122.941 мртов, а на трето место е Индија со над 3,8 милиони заразени и 67.486 жртви.

Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти, поточно 1.005.000 од нив. Во таа земја, сепак, има значително помал број на смртни случаи - 17.414.


Можеби ќе ве интересира:

ОХРАБРУВАЧКИ ВЕСТИ: Антителата остануваат во телото неколку месеци по закрепнувањето од коронавирус

РЕЗУЛТАТИ ЗА 15 минути: Брз тест за коронавирус наскоро на пазарот