САД: Најмалку 15 лица загинаа во пожарите

 Најмалку 15 лица го загубија животот во пожарите што беснеат во последните неколку недели во американските сојузни држави Орегон, Вашингтон и Калифорнија, на западниот брег на САД.

Повеќе од половина милион луѓе се евакуирани пред пожарите во американската држава Орегон и преку Пацификот североисток, соопштија властите.

Десетици жаришта во моментов горат под влијание на врел и сув ветер, а најмалку еден пожар е подметнат.

Според Си-Ен-Ен, телата на седум жртви  биле пронајдени вчера во северна Калифорнија, со што вкупниот број на жртви во таа држава се искачи на десет, а неконтролираниот пожар во Вашингтон и Орегон однесе најмалку уште пет животи оваа недела.

Поради пожарот, околу половина милион жители на Орегон, односно повеќе од десет проценти од вкупното население во таа држава, мораа да ги напуштат своите домови, а евакуацијата продолжува.

Заклучно со вчера, повеќе од 100 пожари во 12 држави во западна САД погодија над 4,3 милиони хектари земја, што приближно одговара на подрачјето на сојузната држава Њу Џерси, а во гаснењето на пожарот учествуваат и пожарникари од држави низ САД.


Фото: Profimedia