САЕМ НА ЕЛЕКТРОМОБИЛИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ
Во ИСТ ГЕЈТ МОЛ oд 12 до 16 октомври – ќе се реализира првиот саем на електромобили под мотото „Возиме на струја“ !
Сите љубители на автомобили и посетители на Ист Гејт Мол ќе може да ги погледнат изложените модели на електричен погон и како и хибриди и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина. Електромобилите од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo, ќе бидат изложени на различни места во центарот на приземје.
Покрај електромобилите ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства: електрични машини за чистење од Green Machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјава, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic.
За време на саемот посетителите ќе можат да ги погледнат и полначите за електрични автомобили на “Olympia Motors”.
Саемот на електромобили е отворен за сите од 10:00 до 22:00, паркингот е бесплатен, а имателите на автомобили ќе можат да добијат попусти и специјални понуди од Мотоцентар, Мега перална, Мега продавница за автоделови и Кар Бокс авто козметика.
Партнер на саемот е „Автоплус“, а целата манифестација е поддржана од покровителот Шпаркасе Лизинг, партнерот НЛБ Банка АД Скопје, а присутна е и ПроКредит Банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на овој тип на автомобили.
Една од стратешките определби на Ист Гејт Мол е заложбата за почист град, почиста животна средина и поеколошка иднина, и ова е дел од активностите кои Ист Гејт Мол ќе ги реализира во иднина.
Пр објава