Сакате да имате јак имунитет: Земете го ова наутро со чаша вода и ќе ги видите веднаш бенефитите
Некои велат дека појадокот е најважен, од некои современи експерти ќе слушнете дека воопшто не ни треба појадок, а дилемата ја разреши Саша Плеќевиќ, попознат како д-р Филгуд, во утринската програма на телевизија К1.
-Секогаш велам дека појадокот е најважен. Сепак, постојат индивидуални работи, поединечни луѓе кои воопшто не сакаат појадок и не треба да појадуваат затоа што им станува лошо. Да речеме кафето на празен стомак го прави истиот проблем на многу луѓе... Зборувам за тоа што е подобро за повеќето луѓе, за 80-90 проценти, најдобро е да се започне со појадок, тоа е најважно за развојот на децата и возрасните, вели тој.
Доктор Филгуд истакнува дека треба да појадувате во рок од два часа по будењето, а открива и кои се најздравите утрински навики.
-Кога ќе се разбудите, најдобро е да пиете чаша вода на собна температура. На возрасните им препорачувам да пијат пробиотик бидејќи научно е докажано дека пробиотикот го зајакнува имунолошкиот систем. Пиете пробиотик еден или два месеци, наравете пауза еден месец, па повторно почнете.
Со него во студиото била и нутриционистката Бранка Мирковиќ, која признала дека не појадува, туку денот го започнува прво со чаша вода, а потоа со кафе.
-Не им препорачувам на луѓето да пијат кафе на празен стомак, туку зелен чај бидејќи го забрзува метаболизмот за три проценти. Потоа, станете, прошетајте брзо, вели тој.
Тој додава дека не е против кафето, бидејќи кафето е антиоксиданс и има многу добри ефекти, но препорачува да се консумира после појадок.
Фото: Freepik