Сакате да живеете во Италија? Овој живописен град опкружен со тиркизни плажи им плаќа на луѓето 30.000 евра за да се преселат таму
За сите кои сакаат да се преселат во Италија, мало гратче нуди 30.000 евра за оние што сакаат да живеат таму.
Пресиче-Акварика има многу напуштени домови. Гратчето вети грантови за луѓето кои ќе купат куќа и ќе се регистрираат како жители на градот. Важно е да знаете дека се наоѓа на јужниот дел на италијанскиот регион Пуља. За да можат да аплицираат, поединци или семејства мора да го преселат својот официјален престој во јужниот италијански град. Од нив се бара да инвестираат во куќа изградена пред 1991 година, што е околу 30 отсто од имотот во градот.
Трошоците за купување ќе бидат субвенционирани од грантот обезбеден од градскиот совет. Финансиската помош може да се искористи и за покривање на трошоците за реновирање.
Исто така, советот нуди стимулации за да помогне во борбата против стареењето на населението во градот. Градот ќе додели по 1.000 евра за секое новороденче.
Ова не прв ваков случај, затоа што и претходно италијански градови и села нудеа субвенции за нови жители. На огласите се јавиле жители од различни земји од светот.
Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм
Извор: 6yka