Сакате ли баш квалитетен тестостерон: Еве која храна е најдобра!

Младите мажи денес, на возраст од околу 30 години, покажуваат знаци на ниско ниво на тестостерон. Ваквата состојба доведува до намалување на либидото, когнитивна дисфункција, проблеми со ерекцијата итн.

Исто така, тестостеронот е важен и за силни мускули, цврсти коски и мал број на телесни масти.

Освен со вежбање и релаксација на телото, нивото на тестостерон може да се зголеми и со исхраната. Во продолжение, погледнете кои намирници треба да се дел од вашето секојдневно мени:

Грозје за активни сперматозоиди

Конзумирајте една гранка грозје дневно и ќе ја приметите разликата. Неговата лушпа содржи ресвератрол, состојка која помага за поквалитетна сперма. Кинески научници откриваат дека 500 мг ресвератрол (отприлика 5-10 зрна грозје) е доволно да го подигне нивото на тестостерон и да ја зголеми активноста на сперматозоидите.

Туна за подобар живот

Аромата на туна можеби не е идеална за Вашиот прв состанок, но витаминот Д што таа го содржи е. Една студија, спроведена на Медицинскиот факултет во Аризона докажува дека овој витамин го подигнува нивото на тестостерон и до 90%, разградувајќи ги сите материи кои лошо влијаат на либидото.

Мед за циркулација

За да ја зачините акцијата во спалната соба, јадете мед. Тој содржи бор, минерал кој е поврзан со високото ниво на тестостерон. Исто така, медот изобилува со азот-моноксид, кој е задолжен за прочистување на вените кои помагаат во ерекцијата. 4 лажици мед дневно го подигнуваат нивото на азот-моноксид и до 50%.

Јајца за хормони

Жолчките од јајцата содржат холестерол, кој е претходник на тестостеронот. Не грижете се за своето срце – можете слободно да конзумирате и по 3 јајца на ден, без да имате промени во нивото на холестерол.

Дивеч за мускули

Вегетаријанци, слушајте: “Исхраната без месо може да го намали нивото на тестостерон за 14%”, вели Керутерс. “Бидете умерени во конзумирањето протеини од месо, бидејќи и обилната протеинска исхрана може да му наштети на организмот”.

Лук за потенција

Лукот содржи алицин, компонента која го намалува хормонот на стрес – кортизолот. Кортизолот се бори со тестостеронот за простор во мускулите. Со самото намалување на кортизолот, му овозможувате победа на тестостеронот. Конзумирајте го необработен за подобра апсорбција.