Сако и фармерки: Eве како да ја изведите оваа супер комбинација
Најчестото прашање кај нас мажите е дали можеме да носиме елгантно сако во комбинација со фармерки.
Меѓутоа, одговорот на ова прашање не е нималку едноставен и зависи од одговорот на следните три прашања:
1.За каков тип на блејзер станува збор?
Кога зборуваме за елегантно сако, мислиме на сако кое е дел од свечено одело, но од некои причини одлучивме овие две парчиња да ги носиме одвоено.
Пред се, сакото мора совршено да ги одговара.
Најдобро е неговиот стил да биде сличен на класично сако со две до три копчиња, со сечени или зашиени ревери и три џеба (два од страните и еден на градите).
Што се однесува до материјалот, со фармерки најмногу одговара сако од твид
2.Со кој модел на фармерки планираме да го искомбинираме?
Следејќи го фактот дека елегантното сако најчесто се носи на некои формални случувања, најдобро е да носите темни фармерки. Избегнувајте ги искинатите фармерки, освен ако не сте музичар или уметник.
Без разлика како ќе ги искомбинирате, фармерките се кежуал, така да и овој изглед се носи во такви прилики. Секако, не се очекува ваквата комбинација да ја носите во прилики кога се носи одело или на други формални прилики.
И за крај, секогаш носете ја оваа комбинација со самодоверба!