Само 5 утрински навики за поздрав и посреќен живот

Чаша вода и 10 минути лесно вежбање се едноставни активности што секој може да ги вклопи во својата рутина, а прават голема разлика. Обично како ќе го започнеме денот, таков и ќе ни биде. Сега голем дел од нас имаме повеќе време наутро и можеме да си го организираме животот за да бидеме поздрави и посреќни. Станете на десна нога со следниве едноставни совети!

Гориво за денот пред нас

Како што знаеме, појадокот е најважен оброк во денот. На телото му треба соодветно гориво за правилно да го почне денот. Појадок кој е богат со нутриенти, богат со протеини и сложени јаглехидрати ефикасно ги надоместува нутриентите што му се потребни на телото, а не ги внесуваме додека спиеме. [1] Добар избор се житарки, овошје, зеленчук, јајца, јогурт. Ако не сте по појадокот, протеини и есенцијални витамини и  минерали може да внесете преку вкусен шејк. Летото е близу, пробајте еден од нашите омилени Herbalife Nutrition шејкови, Ф1 со вкус на Strawberry Delight.

Утринска шолја чај

Многумина наутро сакаат да испијат кафе. Но, можеби е време за промена зашто кафето остава лош мирис  во устата. Одговорот е растителен чај!  Разбудете се со освежителен растителен напиток. А, ако преминете на растителен чај, може да пробате еден од нашите Инстант растителни напитоци со екстракти на чај Нашите чаеви се нискокалорични, содржат кофеин, и може да се пијат и ладни и топли.

Здрави е новото среќни

Она што го користиме однадвор на телото е подеднакво важно како и она што го користиме одвнатре. Витамините Ц и Е придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. Затоа треба редовно да нанесуваме производи за нега на кожата богати со антиоксиданси. Слободни радикали  има насекаде околу нас, а дури и телото ги создава. Затоа, наутро мора да се нанесуваат производи за нега на кожата богати со антиоксиданси. Особено е важно да нанесувате млеко со заштитен фактор секое утро кога излегувате од дома бидејќи секогаш сме изложени на сончевите зраци дури и кога е облачно. Какво и да е времето, тоа е одлично дополнување на утринската нега на кожата.

Водата е секогаш правилен избор

Веќе знаете колку се важни водата и хидрацијата на телото. Кога ќе се разбудите на телото треба да му ја надоместите водата што ја искористило при спиење, а со пиење вода наутро заедно со утринскиот оброк одржувате соодветно ниво на внес на вода. Кога сте дехидрирани, едноставно не се чувствувате најдобро. Бидете креативни со внесот на вода, наутро пијте вода со вкус. Herbal Aloe напитокот е одличен избор што ѝ дава освежителна цитрусна арома на водата. Па, нека ви биде утринска навика да испиете голема чаша вода кога ќе се разбудите.

Вежбајте претпладне

Утрото е одлично време за да ги направите вежбите што ви се потребни за да останете здрави.  Одвојте време за кратка утринска прошетка, кратки 10-минутни вежби, а може и за неколку кругови со точак во маало. Доброто расположение по вежбање ќе ви даде блескав изглед со кој ќе го почнете денот. Па, не надмудрувајте се со будилникот, туку ставете го далеку од вас за да треба да станете од кревет за да го исклучите. Не звучи привлечно, нели? Но, кога ќе почнете да ги гледате придобивките од утринското вежбање, ќе ви биде мило што не сте останале во кревет.

Почнете го секој ден со добри утрински навики и утрата ќе ви станат омилен дел од денот. Важно е да се грижите за телото и за кожата. Не заборавајте, здравото тело и здравата кожа се секогаш најубави.

За повеќе информации за урамнотежена исхрана и за индивидуализирани совети и поддршка исконтактирајте нè ОВДЕ.

1O’Neil, C, et al. Улогата на појадокот за здравјето: Дефиниција и критериуми за квалитетен појадок. J Acad Nutr Diet.2014 Dec;114


ПР-објава