Само еден има вистинска, другите носат лажна: Македонци кои носат круни

Некои сакаат да шокираат. На некои да ја носат им е работа, ама заедничко за сите е што привлекуваат внимание со украс на главата

Сега е тренд да се носи круна. Го лансираа односно возобновија модните дизајнери Долче и Габабна и за мажи и за жени. Но од секогаш било најбитно на чија глава се носат? 

Круната е традиционално симболичка покривка за главата на еден монарх или божество, симболизирајќи моќ, легитимитет, бесмртност, праведност, триумф, воскресение, чест, слава или задгробниот живот.

Терминот круна исто така често се користи како апстрактен концепт на моќ во монархиите и во црквите. За тоа “чудо“ на глава се воделе многу војни, мистереиозни кражби, убиства... 

Најпознатите круни се секако оние на кралските семејста кои денес се уште траат. Тие се пренесуваат од поколение на поколение, од наследник на наследник. Најчесто се изработени од злато, дијаманти, рубини, смарагди. Со еден збор, бесценети се! Круните со кои се крунисуваат кралевите или кралиците се најстрого чувани, скриени во сефофи кои не може никој да ги пробие.

Сепак денес, во модата има простор да си играме кралеви и кралици. Самите да си се крунисаме и да парадираме. Како моден детал, круната е многу атрактивна, но најчесто тие кои ја носат се осудувани. Мажите посебно! Не се знае зошто е тоа така, но кога се работи за мода се е можно. Обично ја носат за поголема сценичност...

 Тоа не се скапоцени круни, туку реплика на веќе познатите или пак дизајнерски, специјално изработени или во лимитирани едиции.

Кај нас некои имаа храброст да носат круна на глава. Едниот носеше само еднаш, другиот често, третиот по потреба, а четвртиот скоро секогаш. За последниот не се крева фама, ама за другитите тројца „прашината“ запраши се!

Бојан Јовановски- Боки 13

Се уште не се знае од кој дизајнер му беше круната. Ја носеше само еднаш, а потоа му се случи сето она за кое со недели се зборува. Неговата круна е во златна боја, со кристали симетрично распоредени, без некои симболи. Кога ја објави фотографијата, напиша: “Следниот пат ако сакам ќе ставам и тенџере на глава и што?“

Златко Јовановски

Не престана да шокира и со изгледот и со облеката. Модниот дизајнер често носеше круни. Ги има неколку. Дури и во своите колекции ги имаше. Неговите се карактеризираат со масивност, чиста линија и по некоја апликација. Вниманието на јавноста секако дека го привлече, на овој или оној начин.

Васил Гарванлиев

Само еднаш пејачот носеше круна. И тоа на евровизиската забава оваа година. Неговата е елегантна, не е накитена и е во црна боја, нетипично за круните.

Господин Господин Стефан 

Неговата круна или митра како што се нарекува оригинално е  единствената во земјава која е вистинска, скоро рамна на онаа на монарсите. Често и епсикопите носат митри. Нашиот архиепископ ја носи во одредени моменти, на литургии и верски празници. Многу е скапоцена, најверојатно изработена од монахињите од манастирот „Рајчица“. Секој детаљ од митрата си означува нешто одредено. Од страните стојат четирите евангелисти: Матеј, Јован, Лука и Марко. Тие се стандарден дел на секоја митра. Горе на врвот е крстот, а на челото има византиски двоглав орел, кој ја симболизира црковната и световната власт под една круна, зашто во тоа време државата била така организирана: патријархот и царот заеднички ја воделе државата. Така тој византиски симбол е пренесен на сите православни земји. Има и еден венец со дванаесет ушиња.

Боите си имаат исто така свое значење. Обично на празник на маченик  носи црвена, на Св. Богородица сина, зелената е боја на Светиот дух, па се носи за Духовден… Самата митра, пак, има облик на црква, па кога самиот епископ ја носи, тој ја изразува својата улога како заштитник на единствената православна вистина предадена во догмите. Везена е со срма и со златни жици, украсена со циркони, со кристали или со бисери.

Небојша Толески