Само еден витамин е „мелем“ за последиците од загадениот воздух и тоа што го дишеме
Кога е во прашање загадувањето, сепак има неколку начини и непта како да се заштитиме. Иако решението е воопшто да нема загадување на воздухот!
Инаку, Според Светската здравствена организација, повеќе од 90 проценти од светската популација живее во области каде загадувањето на воздухот ги надминува границите. Научниците веќе долго време се сомневаат дека PM 2.5 (ситни честички во воздухот) предизвикуваат епигенетски промени во нашите клетки што можат да го загрозат нашето здравје, според National Geographic.
Кога станува збор за нашата земја, системот за следење на квалитетот на воздухот, управуван од официјалните институции, покажува дека концентрацијата на штетни материи во воздухот, особено ПМ честичките, во градовите редовно ги надминува безбедносните граници на квалитетот на воздухот, препорачани со упатствата на Светската здравствена организација.
Поради оваа причина, во 2017-та година, меѓународен тим на научници спроведе клиничко испитување со цел да откриеме како можат да се ублажат ефектите од изложеноста на загаденоста на воздухот со PM 2.5 со дневни додатоци на витамин Б кои содржат 2,5 мг фолна киселина, 50 мг витамин Б6 и 1 мг Витамин Б12.
Студијата вклучи десет волонтери кои прво беа изложени на свеж воздух и добија плацебо за да ги измерат нивните основни одговори. Подоцна, истите субјекти биле тестирани со високи дози на витамин Б и биле изложени на многу загаден воздух што содржи високо ниво на PM 2.5.
Резултатите од студијата откриле дека четиринеделното примање на витамин Б додатоци го ограничува ефектот на ПМ 2,5 помеѓу 28 и 78 проценти на десет гениски локации. Истражувачите откриле дека слично намалување се рефлектира и во митохондријалната ДНК, деловите на клетките кои произведуваат енергија.
Сепак, научниците посочуваат дека оваа студија има многу ограничувања, како што е мал број на субјекти, а помалку информации за големината на витаминот Б што ја активира реакцијата, и дека се потребни подетални истражувања и тестирања, резултатите од оваа студија се охрабрувачки и може да содржат клуч за намалување на загаденоста на воздухот.