Само за претерано богати: Најскапиот нов автомобил во историјата (ВИДЕО)
Има уникатни и
посебни перформанси кои можат да достигнат екстремно високи цени, но овој
автомобил ги надмина сите.
Во Гудвуд се сигурни дека најлошите времиња се зад нив. Не дека пандемијата не влијаеше и кај нив, односно кај нивните клиенти, но има забележително доцнење во производството. Особено во одделот каде се изработуваат најпосебните уникати.
Првиот во низата такви е завршен. Boat Tail е име резервирано за реткости кои излегоа од Ролс Ројс некаде на почетокот на 1930-тите, а потоа тој стил повторно се разбуди во 2017 година кога компанијата пристигна во Вила д’Есте со купе Sweeptail. Во тоа време, тоа беше најскапиот нов автомобил во светот со цена од нешто повеќе од 10 милиони фунти.
Сега пристигна Boat Tail и е двојно поскап. Чини 20 милиони фунти. Нереално, но во уметноста сè е можно. А, овој автомобил дефинитивно припаѓа таму.
Овој автомобил прв од трите примероци, секој ќе биде различен и прилагодеа на сите преференции на клиентот. Оваа копија оди кај неименуван обожавател, кој исто така поседува оригинален Boat Tail од 1932 година. Другите две копии нема да ги видиме на овој начин затоа што сопствениците не биле подготвени да ги споделат информациите со јавноста. Кој знае, можеби тие се толку невкусно украсени па подобро е да останат зад завесата.
Основата е новиот Фантом, или т.н. Архитектура на луксузна алуминиумска рамка со должина од 5,8 м. Сè е уникатно, како и екстремно тенките ЛЕД светла што повеќе нема да ги користат други RR. Под скапоцениот заден капак покриен со дрво што се отвара како крило на пеперутка, има два фрижидери и специјален комплет садови Кристофл (од Париз).
И лесни се за нивно достигнување бидејќи подот автоматски ротира 15 степени кога ќе се отвори вратата. Сетот за пикник вклучува и две столици од карбон и лесна заштита од сонце. Ако времето се расипе, има солиден ткаен покрив што ќе спречи влажнење на внатрешноста на автомобилот, особено седиштата.
Фото: Rolls Royce
Фото: Youtube
Галерија: