Само заедно можеме да ја преживееме оваа неволја: Дино Мерлин испрати важна порака до сите!
Да се обединиме
Популарниот пејач Дино Мерлин, по повеќе од шест години, ја објави песната „Ние“, од претстојниот нов албум.
Првата песна од дванаесеттиот студиски албум, по „Хотел Национал“ од 2014 година, ја воодушеви публиката, а силната порака што ја има песната им е потребна на сите во овој момент.
- Песната „Ние“ е песна за нас во светот што се менува и за нас кои се менуваме заедно со светот, сакале или не. Дали ова ќе биде промена на подобро, зависи не само од светот, туку и од нас - рече Дино Мерлин и додаде:
- За време на пандемијата, уште еднаш гледаме како сме насочени едни кон други, како зависиме едни од други, како сме заедно во ова и како само заедно можеме да ја преживееме оваа нова неволја што не снајде и како треба да бидеме „Ние“ повеќе од кога било .
Планот беше синглот да излезе на пролет оваа година, но поради пандемијата на коронавирус, објавувањето на песната беше одложено за некои подобри времиња.
Фото и видео: Јутуб