Сандро Ембало, Неат Абдулаи и Иван Галевски се нови играчи на Академија Пандев

Сериозни измени во ростерот на АКадемија Пандев пред почетокот на вториот дел од сезоната во ПМФЛ.
Екипата од Струмица потврди три нови засулувања. Сандро Ембало е португалски централен дефанзивец кој доаѓа од екипата на АЦ Оулу (Финска) и ја засилува одбранта и левата бековска позиција.
Неат Абдулаи е македонец кој веќе неколку сезони е дел од неколку екипи во италијанската Серија Д. Последен клуб за кој настапувал е Монтебелуно, а игра на позициите крилен и централен напаѓач.

Иван Галевски доаѓа од екипата на Победа од Прилеп и ќе биде засилување на двете крилни позиции.