Спорт // Спорт
Санкциите за фудбалска Русија значат добри вести за победникот во Купот на Македонија
УЕФА ги продолжи санкциите за руските клубови, тие и следната сезона нема да се натпреваруваат во европските купови, а од оваа одлука профитираше и Македонија.
Според одлуката на УЕФА и елиминацијата на руските клубови, победникот на Купот на Македонија, а тоа значи еден од финалистите, Силекс или Македонија ЃП, квалификациите за Конференциската лига ќе го започне од второто коло.